Пред нас е саботниот натпревар од Л.Ш на кој во Унгарија се среќаваат домаќинот Веспрем и н РК Вардар. Дуелот во сабота е закажан да започне со почеток од 17 часот и 30 минути. На истиот на голот на унгарскиот вицепрвак ќе биде поранешниот вардаров голман кој ова лето мина во Веспрем,Арпад Штербик. Херојот на вардарци од изминатите години, човекот кој остави неизбришлива трага во црвено-црниот тим дава видување за дуелот.

-Минав четири прекрасни години во Скопје,  настапував што можам  најдобро на Вардар,  дадов максимумот. По освојувањето на титулата во ЛШ станавме национални херои, токму затоа нема да им биде лесно на моите некогашни соиграчи, Тренерот Раул Гонзалез замина во ПСЖ, сега прв тренер е Парондо. Добро го познавам, тој беше клучен играч во Пик Сегед, а сега во тимот има двајца играчи од таму. Не би рекол дека Вардар е ослабен. Мора сите да одиграме многу подобро од дуелот со Барселона. Не би сакал да се повтори истиот меч и против Вардар– вели Арпад Шербик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Вардар го прегази Тиквеш и се „загреа“ за дербито против Пелистер

Ракометарите на Вардар во натпреварот одигран во малата сала на спортскиот центар „Јане Са…