Денис Шредер ќе се обиде да ги поправи работите во Лејкерси каде што претходно не се прослави.




Германецот прикажуваше одлични настапи во текот на Евробаскетот и сега доби нова шанса во дресот на Лејкерси каде што беше во сезоната 2020/2021, но не го продолжи договорот иако на маса имаше понуда од 84 милиони долари.




Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Шредер очекуваше да добие повеќе пари од друг тим, но изгледа погреши и ниту еден тим не беше спремен да му даде долг договор. Минатата сезона го носеше дресот на Бостон и Хјустон, сега во Лејкерси се враќа како слободен играч за едногодишен договор вреден 2.4 милиони долари.