Кристиано Роналдо не се раздели на најдобар начин со управата на Реал Мадрид иако во тој клуб помина цели девет години.
Роналдо не само што не е задоволен од управата на Реал, туку повеќе не сака да има никаква поврзаност и со државата Шпанија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, тој неодамна ја продаде куќата во Мадрид од 5.5 милиони евра, а сега на продажбата го стави и хотелот кој го купи за 20 милиони во шпанската престолнина.
Новата ѕвезда на Јувентус се договори до даночните работници во оваа земја и ќе им ја плати сумата од 13.5 милиони евра како оштета и повеќе не сака да има ништо во оваа земја. Иако се очекуваше Роналдо да помине и во тренинг центарот со цел да се поздрави со своите поранешни соиграчи, сепак тоа нема да го направи, а медиумите пишуваат дека причината е Флорентино Перез.
Во секој случај, Роналдо после обврските кон спонзорите во Кина патува на последниот дел од одморот, а потоа ќе се појави во Виново каде што ќе го почека останатиот дел од тимот на Јувентус да се врати од турнеата во САД.