Тренерот на Атлетик Билбао, Ернесто Валверде на крајот на сезоната ќе стави точка на својот стор престој на „Сан Мамеш“.
53-годишниот стратег го води баскискиот клуб од 2013 година, а „Мундо Депортиво“ пренесува дека веќе донел конечна одлука и го известил раководството дека заминува на крајот на сезоната, кога му истекува договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Името на Валверде постојано се споменува како фаворит за наследник на Луис Енрике за клупата на Барселона, па медиумите ова го толкуваат како јасен знак дека тој може да ги преземе Каталонците на лето.
Весникот тврди дека само прашање на време е кога Каталонците ќе започнат официјални преговори со Валверде.