Животот на триесетгодишниот шпански фудбалер Жорди Амат преку ноќ се промени и тоа откако случајно дозна дека има „сина крв“.
Жорди Амат имаше многу просечна кариера бидејќи играше за Еспањол, Рајо Ваљекано, Бетис, Свонси и Еупен
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Денес игра за малезискиот клуб Јахор ДТ и се најде во центарот на вниманието откако и самиот дозна дека е принц.
По потеклото на неговата баба тој побара и доби индонезиско државјанство, меѓутоа во целиот процес тој дозна дека всушност е принц на островот Сиау.
Амат на тој начин го добил островот и милионско богатство, без воопшто да знае со што располага.
Амат засега тврди дека неговиот живот нема многу да се промени, но веќе вети дека ќе работи на подобрување на условите на индонезискиот остров и финансиски помош на луѓето.
🔴 L’exjugador de l’@RCDEspanyol Jordi Amat, príncep de l’illa de Siau, a Indonèsia.
— Tot es mou TV3 (@totesmoutv3) January 27, 2023
“La meva àvia és princesa i el meu rebesavi va ser rajà de Siau i ara estem preparant la cerimònia i el certificat de príncep” #TotEsMouTV3 ▶ https://t.co/JudEja5t9G pic.twitter.com/uY0Jp2ASKu