Дома Фудбал Шпански АС: Роналдо и девет разочарувања, проклетството продолжува

Шпански АС: Роналдо и девет разочарувања, проклетството продолжува

Кристијано Роналдо го шокираше светот кога ја напушти Европа во 2022 година и потпиша за Ал Наср од Саудиска Арабија.

Португалската суперѕвезда за овој ангажман добива 200 милиони евра годишно, досега има одиграно 76 натпревари, но и понатаму недостигаат поголеми успеси.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Роналдо има солиден учинок од 67 гола и 18 асистенции, но досега има само еден трофеј откако пристигна во оваа азиска земја – Купот на арапските клупски шампиони.

Тој го освои овој трофеј пред година и пол, и ништо од тогаш.

На оваа тема се занимава и шпанскиот весник АС кој традиционално има лош однос кон Роналдо. Причината за тоа лежи во фактот што Португалецот е поранешен фудбалер на Реал Мадрид, клуб против кој овој медиум војува со години.

„Изгуби девет титули во Саудиска Арабија“, напиша AS откако поранешната ѕвезда на Реал Мадрид промаши пенал во 96. минута. Натпреварот заврши 1:0, а Ал Наср беше елиминиран од Купот на Саудиска Арабија во осминафиналето.

„Проклетството продолжува“, се додава во текстот и се наведува дека елиминацијата од купот е „деветто разочарување за Роналдо откако пристигна во Саудиска Арабија во 2023 година“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатно: Нејмар во ПСЖ добивал по 200.000 евра за аплаудирање на навивачите

Иако поминаа седум години трансферот на Нејмар од ПСЖ во Барселона се уште знае да биде те…