Голманот на Вардар е принуден да го напушти Скопје и итно да отпатува за Загреб откако селекторот на Шпанија, Жорди Рибера побара нов голман поради повредата на Перез де Варгас

Перез де Варгас ги повреди лигаментите на десното колено, денеска ќе се знае повеќе по МРИ снимката, но Шпанија не сака ништо да ризикува па на помош го повика „Арпад Велики“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Како што пренесуваат од таборот на „Црвената фурија“, голманот на Вардар итно отпатувал за Загреб и попладнево треба да пристигне во престолнината на Хрватска.

38 годишниот Штербик сега би можел да застане на голот за полуфиналето со Франција.

Жорди Рибера може да направи две измени за завршницата на Европското првенство и до утре треба да одлучи дали ќе го стори тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Вардар ќе прави трофејна соба, побара помош од навивачите!

Ракометниот клуб Вардар започнува интересна иницијатива со која сака да ја зачува својата …