Дома Трансфер зона Шпанецот става бензин на огнот: Де Геа кажа „збогум“!?

Шпанецот става бензин на огнот: Де Геа кажа „збогум“!?

Како што го протолкуваа ова, изгледа дека Де Геа го бранеше својот последен натпревар за Јунајтед…

Шпанецот ги засили шпекулациите дека речиси се е готово и дека ќе се пресели во Реал за најголемиот износ во историјата на фудбалот кога се голманите во прашање. Де Геа не бранеше против Кристал Палас, а нема да брани ниту во финалето од ЛЕ, бидејќи Мурињо таму повеќе го форсира Ромеро.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Благодарам за се, за сета поддршка“, напиша Де Геа.

Дали тоа значи конечното збогум или само се заблагодари на навивачите за поддршката за текот на сезоанта во шампионатот останува да видиме.

Во Мадрид, малкумина се сомневаат дека следната сезона ќе го брани голот на Реал, особено откако Флорентино Перез има намера да плати неверојатни 70 милиони евра и да го доведе поранешниот голман на градскиот ривал на Реал, Атлетико Мадрид.

Де Геа сака да се врати дома и поради девојката која никогаш не успеа да се прилагоди на Англија и повеќе е во Шпанија, отколку во Англија. Потсетуваме, светскиот рекорд кога се во прашање трансферите на голманите и понатаму го има Буфон кога на почетокот на овој век Јуве го плати 48.5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…