Дома Видео Шокантно: Светскиот првак во кревање товар, Драјхов, убиен во улична тепачка

Шокантно: Светскиот првак во кревање товар, Драјхов, убиен во улична тепачка

Андреј Драхјов, светскиот шампион во кревање товар, беше убиен во улична тепачка. Драјхов почина како последица од повредите здобиени во тепачка во која учествуваше, а која се случи во рускиот град Хабаровск.

Него вчера наутро пред еден кафе-бар го претепа ММА борецот Анар Алакверанов.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Како што пренесуваат руските медиуми, до пресметката дошло кога двајцата учесници во алкохолизирана состојба се расправале кој спорт е посилен, дигање тегови или ММА, па одлучиле со тепачка да ја решат дилемата.

Драхјов бил совладан и паднал на земја, а потоа додека лежел добил смртоносни удари. Алакверанов подоцна бил уапсен од руската полиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…