Дома Македонски спорт Мак ракомет Шок и неверување: Почина еден од најпознатите македонски ракометни тренери

Шок и неверување: Почина еден од најпознатите македонски ракометни тренери

Голема трагедија го погоди македонскиот ракомет откако утрово почина, Андон Бошковски еден од најпознатите тренери во државава.

Како играч Бошковски го носеше дресот на Работнички, а беше и дел од кадетската репрезентација. Кариерата мораше да ја заврши премлад поради повреда на раката.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Токму во Работнички каде што ја заврши играчката ја почна и тренерската кариера. Подоцна беше асистент тренер во Металург со кого стана македонски шампион и играше во ЛШ. Од Металург седна на клупата на Младост Богданци, за во 2011 година повторно да се врати во Автокоманда.

Еден период од кариерата помина и како помошник на Веселин Вујовиќ, а кратко беше и прв тренер на црвено црните. Подоцна рабптеше во Еурофарм Работник, Струга, Голден Арт, Радовиш, а до минатата година го водеше косовскиот Вучитрн.

Во периодот од 2008 до 2013 година беше дел од стручниот штаб на македонската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Арсенал спреми астрономска понуда за ѕвездата на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски репрезентативец Тиж…