Хари Мегваер се уште не го напуштил Манчестер Јунајтед и постојат сите шанси преговорите за заминување да се пролонгираат.
Според последните информации, Вест Хем се откажал и се повлекол од трката за неговиот потпис, бидејќи не сакале повеќе да ја чекаат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно, Мегваер очекувал да му биде исплатен дел од платата, односно најмалку седум милиони фунти, бидејќи се согласил да игра за помала плата во Вест Хем.
Манчестер Јунајтед ја прифати понудата од 30 милиони фунти, но не и да му плати на Мегваер, за што ни најмалку не е обврзан.
Не треба да заборавиме дека Јунајтед за Мегваер плати околу 90 милиони евра кога.
Сега требаше да го продаде за три пати помалку пари, но Мегваер одлучи да побара дел од платата од актуелната сезона, поради што Вест Хем се повлече и трансферот е доведен во прашање.
Се на се, Мегваер со своите потези ќе предизвика дополнителен гнев кај навивачите, бидејќи доби добра понуда од Вест Хем, можеше да замине за пристојна отштета, но реши да ги прекине преговорите додека не добие пари од Манчестер Јунајтед.