Ситуацијата со повредата на Нејмар изгледа посериозна отколку се сметаше на почетокот, пренесуваат бразилските медиуми.
Ѕвездата на Бразил се здоби со повреда на глуждот во првиот меч против Србија. Поради тоа ќе ги пропушти останатите два дуели во групата, а најверојатно и осминафиналето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес вестите се уште позагрижувачки за „кариоките“ и според медиумите Нејмар има оштетување на лигаментите. Доколку тоа се покаже како точно, тогаш ќе мора да одмара уште три недели.
Тоа значи дека во најдобар случај Нејмар може да се врати во евентуалното финале на Мундијалот.
Од таборот на бразилската репрезентација во моментов не објавуваат никакви официјални рокови, но прогнозите се дека може да го пропушти остатокот од Мундијалот.