Главен судија на натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид ќе биде Хил Манзано.
Во прашање е добро познат шпански судија, но во Барселона е означен како „перосна нон грата“ со „титула“ долгогодишен пријател на Реал Мадрид.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Навивачите на Барселона потсетуваат и на познатата фотографија од пред десет години кога Манзано носеше торбица со обележјето на Реал Мадрид.
Исто така многу пати каталонците истакнуваа незадоволство кога Манзано ги судеше нивните натпревари. На фудбалери на Барселона, Манзано поделил дури 10 црвени картони и е единствен кој го исклучил триото „МСН“ (Меси, Суарез, Нејмар). Минатата година го исклучи Роберт Левандовски со црвен картон кој предизвика реакции.
Барселона со Манзано има 43% победи во натпреварите и тоа е податок кој ги загрижува. Од друга страна Реал Мадрид со него е на дури 78.8% победи.
Првото „Ел Класико“ во Ла Лига сезонава се игра в сабота од 16:15 часот.