Дома Фудбал Шок во Франција: Капитенот на Монако обвинет за силување

Шок во Франција: Капитенот на Монако обвинет за силување

Капитенот на фудбалскиот клуб Монако Висам Бен Једер е обвинет за сексуален напад кој се случил на почетокот на неделава на Азурниот брег.

Јавниот обвинител на Ница рече дека „има две пријави за силување и две жртви“.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Не го знаеме идентитетот на другиот осомничен“, рече судијата, а Франс инфо објави дека тоа би можело да биде помладиот брат на Бен Једер.

„Франс инфо“ објави и дека две девојки на возраст од 20 и 19 години ги пријавиле Бен Једер и неговиот брат дека им „наметнале сексуални дејствија“ по вечерта што ја поминале заедно.

Бен Једер одигра 19 натпревари за француската репрезентација и постигна три гола.

Во април, судот во Севиља го осуди на шестмесечна условна затворска казна и парична казна од 133.798 евра за даночно затајување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе за дербито со Атлетико нема да биде ниту на трибини

Реал Мадрид ќе биде без Килијан Мбапе во вечерашното дерби, а Французинот нема да биде нит…