Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкупи ќе има (не)возможна мисија во Португалија!

Шкупи ќе има (не)возможна мисија во Португалија!

Шкупи денес го одигра вториот натпревар во второто коло од Конференциската лига против Санта Клара на домашен терен.

Санта Клара денес на Арената „Тодор Проески“ забележа победа од 0:3. До водство гостите од Португалија стигнаа кога Рувтубаје си постигна автогол после половина час игра од првиот дел. Со предност од 0:1 за Санта Клара се замина и на полувреме.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После само четири минути игра во вториот дел Санта Клара стигна до предност од 0:2 преку Карваљо. Во последните моменти од натпреварот работата на Шкупи за реваншот стана уште потешка затоа што Костиња ги постави конечните 0:3.

На Шкупи сега ќе му треба чудо во Португалија идната недела за продолжување на настапите на евросцената.

Со оглед на тоа дека и Шкендија изгуби од Рига со 2:0, тешко ќе биде да гледаме македонски претставник во третото квалификациско коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…