Младинскиот репрезентативец на Македонија, Хамза Рамани е нов фудбалер на Шкупи.
За сега веќе поранешниот играч на Силекс ова е враќање дома затоа што кариерата Рамани ја започна токму во Чаир.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Како што изгледа, Шкупи засега својата трансфер стратегија ја базира на доведување млади и талентирани играчи. Во своите редови имаат и уште други двајца младински репрезентативци, (Златков и Ричков).
„Кога пристигна понудата од раководство на клубот воопшто не размислував многу дали да ја прифатам“, потенцираше Рамани на претставувањето.