Дома Трансфер зона Шкртел по неполн месец ја напушта Аталанта

Шкртел по неполн месец ја напушта Аталанта

Авантурата на Мартин Шкртел во Аталанта завшри, пишуваат италијанските медиуми.

По неполни месец дена престој во Аталанта, Шкртел одлучи да го напушти клубот. Искусниот стопер кој своите најдобри денови во кариерата ги помина во Ливерпул потпиша пријателски прекин на договорот со членот од Серија А.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Шкртел во Аталанта пристигна како слободен играч, се очекуваше да биде големо засилување за клубот кој за прв пат ќе се натпреварува во Лигата на Шампоионите, но тоа нема да се случи. Овој 34-годишен играч потпиша едногодишен договор вреден милион евра кој очигледно нема да го изработи.

Долги години беше капитен на Словачка, но од националниот дрес се пензионираше на почетокот на оваа година. Неговата следна дестинација би требала да биде позната во следните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…