Дома Фудбал Шефот на Лацио откри зошто веднаш го отпуштил Тудор: Се однесуваше како сопственик на клубот

Шефот на Лацио откри зошто веднаш го отпуштил Тудор: Се однесуваше како сопственик на клубот

Игор Тудор беше изненадувачки отпуштен од Лацио на крајот од минатата сезона. Се очекуваше тој да остане бидејќи очигледно го подигна тимот во последните 11 натпревари од сезоната, додека го водеше.

Лацио победи 6, ремизираше 3 и загуби 2 и заврши седми на крајот од сезоната. Тој замина бидејќи сопственикот на клубот Клаудио Лотито сфатил дека тренерот ја загубил соблекувалната. Лотито за DAZN откри зошто во последно време често менува тренер:


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


„Имав добар однос со Сари. Тој има свој став, но имавме добра хемија заснована на меѓусебно почитување. Но, по една лоша игра на Олимпико, забележав дека тимот ја загуби волјата за борба. Тој се согласи и Ги испрати играчите на дополнителен тренинг, сепак, некои играчи не го прифатија тоа добро.

Лотито потоа откри зошто го отпушти наследникот на Сари набргу откако тој потпиша договор до летото 2025 година: „Морам да признаам дека Тудор предизвика позитивна реакција во тимот. Сепак, на крајот од сезоната тој рече дека мораме да направиме драстични промени, меѓу кои е да ги продадеме играчите за кои рече дека прават проблеми, сфатив дека морам да го отпуштам бидејќи се чувствуваше и се однесуваше како сопственик на клубот.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За првпат: Погба откри како ја внел забранетата супстанца во телото

Пол Погба беше суспендиран кон крајот на минатата сезона откако падна на допинг-тест по на…