Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Швајцарија елиминирана, Шведска после 24 години е во четвртфиналето (видео)

Швајцарија елиминирана, Шведска после 24 години е во четвртфиналето (видео)

sweden

Денес од 16:00 часот предпоследниот осминафинален натпревар го одиграа селекциите на Шведска и Швајцарија.

Ова беше и осминафиналниот пар кој привлекуваше најмалку вниамние, а на крајот до победа стигна селекцијата на Шведска која триумфираше минимално со 1:0.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Слободно може да се каже дека гледавме досаден натпревар, посебно во првите 45 минути кога скоро и да не видовме посериозна прилика за погодок.

Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во 66 минута. Форсберг упати удар надвор од шеснаесетникот, топката на патот до мрежата го погоди Швајцарецот Аканџи и заврши зад грбот на Зомер.

По овој погодок Швајцарија немаше избор и мораше да тргне во офанзива и по погодок.

Најголемата прилика Швајцарците ја пропуштија на десетина минути пред крајот на натпреварот. Но, на крајот не успеаа да дојдат до нивниот прв гол во осминафиналните натпревари (досега немаат постигнато гол), па Шведска се избори за четвртфинале.

Во последните моменти после една контра на Швеѓаните, фудбалерот на Швајцарија, Лонг заработи и исклучување.

Во четвртфиналето Шведска ќе игра подобриот од вечерашното последно осминафинале помеѓу Англија и Колумбија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Ван Дајк: Ако продолжиме вака нема што да бараме

Капитенот на холандскиот национален тим Вирџил Ван Дајк истакна дека „лалињата“ мора да ја…