Дома Топ вести Швајни доби понуда од Италија

Швајни доби понуда од Италија

Еден од најдобрите играчи за врска во последната деценија, Бастиан Швајнштајгер сега е во немилост на Жозе Мурињо и воопшто не добива шанса во Манчестер Јунајтед, па готово сигурно во јануари ќе ја промени средината.

Швајнштајгер тренира со младинците, воопшто не добива шанса во првиот тим и едноставно само го чека своето заминување од „Олд Трафорд“.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Иако се очекуваше Германецот кариерата да ја продолжи во МЛС лигата, медиумите тврдат дека на негова адреса пристигнала понуда од Серија А и тоа од екипата на Милан.

„Росонерите“ бараат искусен играч за врска кој ќе може да го замине Монтоливо и да му биде „ментор“ на младиот Локатели, па ќе се обидат да го донесат Швајни на позајмица до крајот на сезоната.

Манчестер Јунајтед сигурно нема да има ништо против на ваквата понуда на „росонерите“, но проблем може да биде самиот фудбалер кој сака повеќегодишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Екс-репрезентативецот жестоко удри по Милевски: Селекторе, доста е – не мој да не лажеш!

Поранешниот македонски репрезентативец, Мирко Ивановски жестоко го нападна селекторот Благ…