Фудбалерите на Лестер на домашен терен ја победија екипата на Ливерпул со резултат од 3:1 (2:0) во 26 коло ор Премиер лигата.
Ова беше прв меч за „Лисиците“ после заминувањето на Клаудио Раниери од местото на менаџер. Сепак, промената на тренерот и овој пат делуваше позитивно за една екипа, бидејќи Џејми Варди и неговите соиграчи повторно проработија како во најдобрите шампионски денови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот играч во Премиер лигата за минатата сезона го постигна првиот гол во оваа година (последно беше стрелец во декември кога постигна хет-трик против Манчестер Сити), а со наредниот ја дотолчи екипата на Јирген Клоп.
Од декември Варди одигра седум мечеви, на три беше суспендиран, а вчера потсети на неговиот најдобар шампионски период со што ја вжешти атмосферата на Кинг Пауер.
Варди во 28-та минута им побегна на одбранбените играчи на Ливерпул и ја погоди мрежата за 1:0. Во 38-та минута Дринквотер го постигна еден од најубавите голови оваа сезона во Премиер лигата, фаќајќи еден страшно добар волеј од над 25 метри и совладувајќи го голманот на Ливерпул на атрактивен начин.
На истекот од еден час од играта, Варди се најде на вистинското место во вистинско време и после центаршутот на Фукс со глава погоди за недостижни 3:0. Во 68-ма минута Кутињо со прецизен удар од 20-тина метри ги постави конечните 3:1.