Репрезентативецот на Швајцарија, Џердан Шакири денеска ќе пристигне на медицински прегледи во новиот клуб.
Шакири, кој одигра добро Светско првенство во Русија, го привлече вниманието на големите клубови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул стапи во контакт со Стоук и постигнале договор за трансфер кој изнесува 13.75 милиони фунти, пренесува Ливерпул Ехо.
Шакири ќе ја засили офанзивната линија на Ливерпул, а се очекува на Енфилд да пристигне уште денеска, каде прво ќе ги помине медицинските прегледи.
Потоа, тој би требало да стане третото овосезонско засилување за Ливерпул откако претходно пристигнаа Наби Кеита од Лајпциг за 60 милиони фунти и Фабињо од Монако за 10 милиони помалку.
Да потсетиме, Шакири зад себе има добра сезона во дресот на Стоук бидејќи на 36 одиграни натпревари во ПЛ постигна осум голови и седум асистенции. За него покрај Ливерпул се интересираше и Лацио, но сепак Клоп на крајот ја доби оваа битка.