Летото ќе биде возбудливо и во Мадрид каде можеме да очекуваме еден нов Реал. Многу нови имиња се поврзуваат со Реал и ќе видиме кој ќе заврши на „Сантијаго Бернабеу“.
Додека се поврзуваат големи имиња, во Реал се подготвува чуден и неочекуван трансфер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имаше и претходно гласини на оваа тема, многумина мислеа дека се работи за чисто трансфер шпекулации, но сега веројатно ќе биде вистина.
Поранешниот играч на Еспањол, Хоселу (33) наскоро би требало да потпише договор со Реал Мадрид.
Еспањол испаѓа од Примера, Хоселу има 33 години и многумина се во чудо по пишувањето на шпанските медиуми.
Хоселу долго време сака да игра за Реал Мадрид. Тоа го кажа во едно од интервјуата. Дресот на Реал би бил неговиот детски сон. Се чини дека овој сон ќе се исполни на 33 години.
Реал наводно е подготвен на Хоселу да му понуди двегодишен договор, а на Еспањол цифра од осум милиони евра, што е два милиони повеќе од моменталната вредност на шпанскиот фудбалер.
Во текот на својата кариера, Хоселу промени голем број на клубови, одреден период беше на позајмица во Реал Мадрид Кастиља, третиот тим на Реал.
Кариерата ја започна во Селта, а покрај Селта и РМ Кастиља го носеше дресот на Хофенхајм, Ајнтрахт од Франкфурт, Хановер, Стоук, Депортиво, Њукасл и Алавес, од каде во јули 2022 година пристигна во Еспањол.
Споменатиот фудбалер игра на напаѓачката позиција, а во кариерата два пати го носеше дресот на Шпанија и интересно постигна два гола за Црвената фурија.
Real Madrid are working on key, final details of Joselu deal in order to get it done in the next days. It’s up to Madrid as deal would happen at very favourable conditions. ⚪️🇪🇸 #RealMadrid
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 13, 2023
Personal terms already agreed last week as Joselu dreams of this move, waiting for Real. pic.twitter.com/7xiHiD09xG