Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Човекот кој ја сруши Германија: Најдобриот гол во мојот живот

Човекот кој ја сруши Германија: Најдобриот гол во мојот живот

Meксиканскиот фудбалер, Лозано кој го постигна победничкиот гол во натпреварот против Германија истакна дека тоа е најдобриот гол во неговиот живот.

Ирвинг Лозано постигна гол во 35 минута и донесе победа на својата репрезентација против бранителот на титулата Германија во првото коло од групата Ф на Мундијалот во Русија.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


„Ова е најдобриот гол кој го постигнав во животот. Сите сонуваме да играме на Мундијалот, а да се започне турнирот на така позитивен и важен начин, мислам дека ова е мојот најдобар гол во кариерата“.

„Не знам дали ова ќе биде нашата најважна победа, но сигурно е едена од најважните. Одлично е што го започнавме турнирот со победа против актуелниот шампион. Тој е одличен резултат, тоа покажува колку напорно сме работеле“, изјави Лозано.

Во второто коло на 23 јуни, Мексико ќе игра против Јужна Кореја, а Германија против Шведска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Барди се сели во нов клуб!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди стави точка на својата авантура во турскиот Бодрум…