Дома Трансфер зона Чистка на „Енфилд“: Клоп „отпишал“ дури деветмина играчи

Чистка на „Енфилд“: Клоп „отпишал“ дури деветмина играчи

Фудбалерите на Ливерпул играат одлично веќе две сезони, а оваа година се во борба за освојување на Премиер лигата и Лигата на Шампионите.

Во Премиер лигата две кола пред крајот имаат само бод помалку од Манчестер Сити, додека во Лигата на Шампионите стигнаа до полфиналето, каде што ќе се сретнат со Барселона. Сепак, јасно е дека Клоп има ростер од некои 17-18 играчи кои ги користи, додека другите се целосно заборавени. Ова лето „Црвените“ ги очекува „чистка“ во екипата, а многу играчи германскиот стратег веќе ги пречкрта.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека Клоп разговарал со управата на клубот и дека им порачал на кои играчи нема да смета и дека клубот може да ги продаде на крајот од сезоната. Наводно, на оваа листа се наоѓаат дури деветмина играчи. Сигурно дека најголема ѕвезда е Даниел Стариџ кој веќе не игра некое време и ќе биде чудо доколку и следната сезона ќе го гледаме на „Енфилд“. Исти случај е и со Адам Лалана кој сака поголема минутажа.

Покрај него се и левиот бек Алберто Морено кој најверојатно ќе се врати во Шпанија. Многу играчи има чии договори истекуваат и ќе си заминат како слободни, додека „Црвените“ ќе се обидат некои да ги продадат. Еден од нив е и голманот Адам Богдан кој е на позајмица и Конор Рандал кој и понатаму игра за резервниот тим. Покрај нив тука се и Хуан Гарсија, Кореј Велан, Конор Матерсон и Едвар Тагсет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус ја сака ѕвездата на Лион

Раководството на Јувентус покажува сериозен интерес за крилниот напаѓач на Лион, Рајан Чер…