Дома Топ вести „Чистка“ во Реал Мадрид – Зидан „пречкрта“ седум фудбалери

„Чистка“ во Реал Мадрид – Зидан „пречкрта“ седум фудбалери

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ова лето планира големи промени во тимот и веќе составил листа од седум фудбалери кои ќе го напуштат „Сантиаго Бернабеу“.

„АС“ пишува дека прв на листата со жртви е Герет Бејл, кој има лош однос со тренерот и луѓето во клубот, а уште на списокот се наоѓаат и Хамес Родригез, Лукас Васкез, Маријано Дијаз, Алваро Одриозола, Алфонсо Ареола и Начо Фернандез.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Зидан планира од нивните трансфери да заработи најмалку 120 милиони евра кои ќе бидат реинвестирани на трансфер пазарот.

Иако медиумите со месеци го селат Лука Јовиќ од Мадрид, сепак на листата го нема Србинот. „Кралевите“ не му дадоа премногу шанса на напаѓачот, иако ниту Лука не ја оправда довербата, но сепак ќе добие уште еднаш шанса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …