Клаудио Браво е пред завршување на својата кариера и покрај Едерсон нема што да бара на голот на Сити.
Иако има 35 години, Бока Јуниорс подготвува да му понуди четиригодишен договор на Чилеанецот. Браво со доаѓањето на Едерсон ја загуби „единицата“ на голот на „Граѓаните“, Гвардиола повеќе прилика му дава во купот оваа сезона, па Чилеанецот запиша само пет настапи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Долгогодишниот капитен на репрезентацијата на Чиле веќе 12 години во Европа, а пред Сити настапуваше за Реал Сосиедад и Барселона, а во татковината за Коло Коло. Аргентинските медиуми пренесуваат дека Клаудио Браво е означен како приоритет на Бока ова лето кога станува збор за трансферите.