Македонската репрезентација одигра солидно, но сепак беше поразена на гостувањето кај Чешка со 2:1.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Македонија беше порамноправна против селекција која настапува на Европското првенство и загубивме со пенал во последната минута.
Чешка создаде неколку шанси во првото полувреме, но не успеа да го совлада Димитриевски. По 15 минути игра во второто полувреме беше досуден пенал за Чешка, а сигурен реализатор беше Шик.
Пет минути подоцна по одличниот удар на Трајковски, Алими ја смести топката во мрежата за 1:1. Кога се чинеше дека тоа ќе биде конечен резултат во 6-та минута од судиското продолжение Чешка доби уште еден пенал, а Барак погоди за 2:1