Дома Фудбал Останато Чеферин потврди: Сакаме репрезентации од Јужна Америка да играат во Лигата на Нации

Чеферин потврди: Сакаме репрезентации од Јужна Америка да играат во Лигата на Нации

Во разговор за „Глобо“ претседателот на УЕФА Александар Чеферин најави дека Европската куќа на фудбалот сака во Лигата на Нации да се натпреваруваат и репрезентации од Јужна Америка.

Не е исклучено во иднина да ја гледаме Македонија во Лигата на Нации против селекции како Бразил, Аргентина, Уругвај…До овој момент тоа се вртеше само низ медиумите, меѓутоа сега идејата јавно ја потврди Чеферин.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Откако ја создадовме Лигата на Нации репрезентациите повеќе не играат притијателски натпревари. Големите тимови не играат со Бразил и Аргентина, а ни кажуваат дека сакаат да играат. Би било навистина добро во Лигата на Нации во некаков формат да се вклучат и селекциите од Јужна Америка, работиме на оваа идеја“, изјави Чеферин.

Секако би било интересно Македонија да ја гледаме против селекциите од овој континент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти прв разбра каков товар го чека Модриќ, го замоли Перез и доби ладен одговор: “Не!”

Карло Анчелоти се соочува со потенцијално отпуштање од клупата на Реал Мадрид и неговото з…