Дома Фудбал Останато Чеферин и газдата на ПСЖ разговарале за иднината на фудбалот

Чеферин и газдата на ПСЖ разговарале за иднината на фудбалот

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александер Чеферин го пречека шеикот Насер Ал-Келаифи во Словенија со кој зборувал за иднината на фудбалот.

Првиот човек на УЕФА и газдата на ПСЖ беа главни на манифестацијата одржана во Љубљана на стадионот на Олимпија, а една од главните теми беше иднината на Лигата на шампиони (ЛШ).


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ЛШ од 2024 година ќе доживее најголема трансформација во историјата, па ќе има 36 клубови, а секој од нив ќе одигра 10 натпревари во групната фаза пред да се соочат во плејофот.

Чеферин кажа дека реформите во најквалитетното европско натпреварување се долго подготвувани, но не било едноставно да се реализира идејата поради тоа што често не се сложуваат УЕФА, клубовите и националните федерации, но сепак на крајот беа прифатени промените.

„Не ви требаат пари за да може да играте. И најслабиот тим може да го победи најдобриот“, кажа Чеферин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…