Дома Фудбал Останато Чеферин ги искритикува Хрватите: Срамота е како изгледа „Максимир“!

Чеферин ги искритикува Хрватите: Срамота е како изгледа „Максимир“!

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин изјави дека стадионот на Динамо Загреб, „Максимир“ е срамен.

„Стадионот е срамен, посебно кога едната трибина е затворена. Чудно е како имате такви резултати со таков стадион. На сите фудбалски федерации и им даваме пари за инфраструктура. Пример, во Словенија 80% од средствата за стадиони дојде од УЕФА. Ние имаме средства, но мора владата, сојузот и локалните власти заедно да дадат свој допринос“, изјави Чеферин.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Извршниот одбор на УЕФА се сретна во Хвар, а Чеферин ја образложи таа одлука.

„Го сакам Хвар, сакав да останат и луѓето од извршниот одбор и да видат колку е прекрасен“, порача првиот човек на европската куќа на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

За многумина стартот над Хакими беше за во „затвор“, а Крос шокираше: Не беше ниту за црвен! (Видео)

ПСЖ, актуелниот победник во Лигата на шампионите, објави дека ќе биде без повредениот маро…