Словенецот, Лука Дончиќ не успеа да направи чудо и да го сруши неверојатниот рекорд на Вит Чембрлен од пред 60 години кога постигнуваше по најмалку 30 поени на 23 натпревари од почетокот на сезоната.
Дончиќ во поразот на Орландо изминатата вечер застана на 24 поени (87:94). Немаше свој шутерска вечер Дончиќ и промаши дури 20 удар кон противничкиот кош (9/29). За тројка имаше 11 обиди, а погоди само две. Треба да се спомене дека додаде уште шест скока и исто толку асистенции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Низата на Дончиќ од 30 поени заврши со девет натпревари со што го стави името зад легендарниот Чембрлен. Орландо славеше иако се најлошиот тим сезонава во НБА, а играа и без првиот пик на годинешниот драфт Паоло Банчер. „Магичните“ беа предводени од Вагнер со 22 поени и шест асистенции, Динвиди додаде 29 поени.
НБА: Шарлот – Портланд 95-115, Индијана – Денвер 119-122, Атланта – Јута 119-125, Орландо – Далас 94-87, Бостон – Детроит 128-112, Бруклин – Њујорк 112-85, Торонто – Хјустон 116-109, Чикаго – Њу Орлеанс 111-115, Минесота – Феникс 117-129, Оклахома – Милвоки 132-136 (п), Сан Антонио – Мемфис 122-124, ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 114-101, Сакраменто – Кливленд 127-120.