Дома Фудбал Англија Челси одби огромна понуда за Вилиан

Челси одби огромна понуда за Вилиан

Лондонски Челси добил огромна понуда за Бразилецот Вилиан која во текот на летото пристигнала во клубот.

Бразилецот имаше намера да ги напушти плавите во летниот преоден рок. Се поврзуваше со Барселона, но на крајот раководството на тимот ги одби сите понуди кои пристигнаа од Камп Ноу.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Наводно, на маса била понуда вредна 65 милиони фунти. Иако тоа била одлична понуда на крајот е донесена одлука Вилијан да не се продава.

Овој фудбалер одлично влезе во оваа сезона. Во седум одиграни натпревари постигна два гола и две асистенции, а ова му е шеста сезона во клубот од Стемфорд Бриџ.

Претходно играше за Анжи, Шахтјор и Коринтианс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Еден штрајкува да си замине од Њукасл, друг да дојде во Њукасл

Парадокс во Премиер лигата. Еден фудбалер штрајкува да си замине од Њукасл, друг штрајкува…