Eден од најреномираните спортски медиуми во светот, германскиот „Билд“ денес пренесува информации за цената која од Челзи ја поставиле за еден од најбараните тинејџери во светот во овој момент, Калум Хадсон-Одои.
Одои се уште нема започнато натпревар во Премиер лигата од кога Маурицио Сари седна на клупата на „сините“. Меѓутоа и покрај тоа импресионираше со настапот за репрезентацијата на Англија против Црна Гора.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Познато е дека долго време германскиот Баерн Минхен се обидува да го доведе Одои, во таборот на Германците не ја криеа желбата да го доведат овој фудбалер.
Нико Ковач испраќаше неколку понуди на адреса на „сините“, а највисоката изнесуваше 40 милиони евра, но таа беше одбиена од страна на Германците.
Списокот на заинтересирани клубови сега е подолг, па освен Баерн за Одои интерес покажаа Манчестер Јунајтед и Ливерпул.
Германски „Билд“ сега открива дека од Челзи одлучиле да не ризикуваат и да го продадат Одои додека можат да заработат од него. Таа сума според информациите изнесува 50 милиони евра.
https://www.youtube.com/watch?v=fenH73syF8k