Македонските фудбалери имаа одлични настапи во Конференциската лига на УЕФА.
Дарко Чурлинов со Јагелонија оствари победа од 2-0 против Петрокуб, додека Борац Бања Лука на Дамјан Шишковски и Бобан Николов славеше против АПОЕЛ (0-1).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Николов влезе во игра во 58. минута, додека Шишковски остана на клупата. Победничкиот гол за Борац го постигна Стефан Савиќ во 63. минута.
Челзи доминираше на гостувањето кај Панатинаикос и победи со 4-1 во Атина. Жоао Феликс постигна два гола, а Михајло Мудрик и Кристофер Нкунку исто така се запишаа меѓу стрелците.
Двата гола во победата на Јагелонија ги постигна Пулулу, додека Чурлинов остана во игра до 78. минута од натпреварот.