Дома Трансфер зона Челзи троши 110 милиони за две крила, а потоа следуваат двајца дефанзивци

Челзи троши 110 милиони за две крила, а потоа следуваат двајца дефанзивци

Челзи ќе потроши повеќе од 110 милиони фунти за трансферите на Рафиња и Рахим Стирлинг, што ќе бидат певи големи трансфери на новиот сопственик Тод Боли.

„Сините“ изненадувачки брзо се договорија со Лидс за Бразилецот, кој беше една од големите трансфер цели на Арсенал, а интерес за него имаше и од Барселона.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Според англиските медиуми, двата клуба веќе се договориле за трансферната сума која ќе изнесува околу 60/65 милиони фунти. Клубот моментално преговара за личните услови на крилото.

Другиот крилен фудбалер кој е блиску до трансфер на „Стемфорд Бриџ“ е Рахим Стирлинг, за кого Челзи ќе плати 50 милиони фунти на Манчестер Сити.

Потоа раководството ќе се насочи кон засилување на одбраната, а Тухел сака да формира холандски тандем од Матијас де Лихт и Најтан Аке.

Преговорите со двајцата дефанзивци се во тек, а трансферите треба да изнесуваат повеќе од 100 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…