Дома Актуелно Челзи спреми понуда која не се одбива за Осимен

Челзи спреми понуда која не се одбива за Осимен

Челзи нема да жали пари за ѕвездата на Наполи, Виктор Осимене, пренесуваат медиумите на Островот.

Осимен оваа сезона не игра на препознатливото ниво, а и односите со клубот се нарушени во последно време, па јасно е дека на лето ќе ја промени средината.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Нигериецот неодамна стави потпис на нов договор, но Наполи потврди дека на лето најверојатно ќе биде продаден.

Таквата ситуација сака да ја искористи Челзи, кој и во летниот преоден рок покажуваше голем интерес за Нигериецот.

Приоритет на „сините“ е доведување на врвен напаѓач и нема да жалаат пари да го доведат Осимен на „Стенфорд Бриџ“.

Челзи сака да ја победи конкуренцијата и е спремен да понуди 130 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Баерн доби големо засилување: Упамекано потполно се опорави

Фудбалерот на Баерн Дајо Упамекано се опорави од повредата на коленото на левата нога и го…