Норвешките таленти во последно време ја освојуваат фудбалска Европа, па денес еден од нив се пресели на „Стенфорд Бриџ“.
Станува збор за 16-годишниот „вундеркинд“ Брајан Фијабеми од Тромсо, кој игра на позицијата напаѓач, а за неговиот потпис се бореа неколку клубови од Премиер лигата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Челзи ја доби трката за неговиот потпис и денес Норвежанецот стави потпис на 3,5 годишен договор со „сините“. Нјапрво ќе игра за младинскиот тим , но со оглед на фактот дека Лампард им дава шанса на младите фудбалери, се очекува наскоро да го видиме и во првиот тим.
Следната мета на „сините“ е Габриел Магалеш од Лил. Овој дефанзивец оваа сезона блеска во дресот на францускиот клуб и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Челзи веќе започна преговори со неговиот агент.