ПСЖ и Интер се во напредни преговори за трансфер на Милан Скриниар, а сега во трката за дефанзивецот се приклучи и Челзи.
Интер ја одби понудата на ПСЖ од 60 милиони евра и за потписот на Скриниар бара најмалку 70 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Додека двата клуба се уште не постигнале договор ситуацијата сака да ја искористи Челзи, кој се приклучи во трката за дефанзивецот.
„Сините“ се во потрага по квалитетен дефанзивец и поради потешкотијата да дојдат до потписот на Де Лихт, сега се насочија кон Скриниар и се спремни да платат 70 милиони евра.
Сепак, ПСЖ останува во пол-позиција бидејќи Скриниар веќе има комплетен договор со светците за 5-годишен договор тежок 7,5 милиони евра по сезона.
#Calciomercato | #Inter, non solo #PSG: su #Skriniar c'è anche il #Chelseahttps://t.co/5VZ8BJSIfC
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) June 27, 2022