Челзи сака во зимскиот преоден рок да донесе напаѓач, бидејќи Сари не е задоволен од учинокот на Мората и Жиру, а прво име на списокот е Криштоф Пијатек.
Напаѓачот на Џенова игра фантастична сезона во Серија А, откако постигна 14 гола на 15 натпревари во сите натпреварувања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Многу европски гиганти се заинтересирани за полската „гол машина“, па поради тоа Челзи спрема понуда и го сака Пијатек уште во јануари.
Англиските медиуми пренесуваат дека „сините“ се спремни да понудат 53 милиони фунти за 23-годишниот полски репрезентативец.
Раководството на Челзи знае дека мора да го засили тимот во јануари, особено нападот, каде Мората и Жиру разочараа пред голот.