Дома Фудбал Англија Челзи немаше лек за Обамејанг, Арсенал го освои ФА Купот ?

Челзи немаше лек за Обамејанг, Арсенал го освои ФА Купот ?

Арсенал со пресврт успеа да го победи Челзи (2:1) и да го освои ФА Купот.

Херој за „топџиите“ беше Пјер Емерик Обамејанг, кој ги постигна двата гола и му донесе радост на Арсенал и прв трофеј во кариерата на тренерот Микел Артета.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Челзи одлично го започна натпреварот и поведе уште во 6-та минута, кога Пулишиќ ја измеша одбраната на Арсенал и го матираше противничкиот голман.

Радоста на „сините“ не траеше долго бидејќи во 25-та минута Аспиликуета го собори Обамејанг во казнетиот простор, кој потоа лесно реализираше од белата точка за 1:1.

Во второто полувреме Арсенал како повеќе да ја посакуваше победата, а Челзи немаше лек за Обамејанг. Во 65-та минута Пепе одлично го пронајде Габонецот кој погоди за 2:1.

Челзи немаше сили до крајот да дојде до израмнување, а работата му ја отежна Ковачиќ кој во 70-та минута мораше да го напушти теренот поради втор жолт картон.

На крајот се радуваше Арсенал, кој сезоната ја заврши со трофеј во ФА Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим може изненадувачки да го напушти Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим може да добие целосно неочекувана шанса да го…