Челзи ова лето сака значително да го засили тимот и ќе биде многу активен на трансфер пазарот.
Пред неколку дена како „бомба“ одекна веста дека е пред реализација трансферот на Тимо Вернер од Лајпциг за кого „сините“ ќе ја платат откупната клаузула од 60 милини евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, Челзи не сака тука да запре и ќе се обиде да донесе уште една ѕвезда од Бундеслигата, а станува збор за Каи Хаверц од Баер Левекузен.
20-годишниот талент е продукт на школата на Баер Леверкузен и веќе две сезони блеска во Бундеслигата. „Фармацевтите“ сигурно нема лесно да се откажат од него, а неговата цена секојдневно расте.
Хаверц во моментов се проценува на 85 милиони евра, а Челзи е спремен да ја плати таа сума и да ја победи конкуренцијата.
Покрај Челзи, за Хаверц интерес покажаа и Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен.