Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович е подготвен да му ја исполни желбата на Антонио Конте и да го донесе Леонардо Бонучи за сума од 68 милиони евра.
Ако зделката се оствари, 29-годишниот Бонучи ќе стане најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, претекнувајќи го Давид Луис, за кого ПСЖ му исплати на Челзи 50 милиони фунти пред неколку години.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според „Телеграф“, Челзи по секоја цена сака да го донесе Италијанецот на „Стенфорд Бриџ“ и затоа спремиле понуда која Јувентус тешко ќе може да ја одбие.
Медиумите во Италија тврдат дека „старата дама“ е спремна да ја прифати понудата поради фактот дека Бентаија покажа дека може да го менува Бонучи, а го имаат и младиот Ругани, кој важи за еден од најталентираните стопери во Европа.
Сепак, се чини дека потешка задача за „сините“ ќе биде да го убедат самиот фудбалер, но понудата од 10 милиони евра по сезона сигурно ќе биде доволна причина да прифати.