Раководството на Челзи е силно заинтересирано за левиот бек на Ајакс и аргентински репрезентативец, Николас Таљафико.
Таљафико минатата сезона одигра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти и има договор со Ајакс до 2022 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, самиот Аргентинец потврди дека сака да ја промени средината ова лето и се надева дека Ајакс нема да му стои на патот.
Челзи има одлични односи со Ајакс и во јануари го договори трансферот на Хаким Зијех, а сега може уште еден фудбалер од Амстердам да се пресели на „Стенфорд Бриџ“.
Спортскиот директор на Ајакс, Едвин ван дер Сар истакна дека клубот нема да му биде пречка на Таљафико, а за неговата слобода бара 25 милиони евра.
Челзи сака да ја засили левата бековска позиција, а со оглед на фактот дека Бен Чилвел е многу скап, поради тоа ќе се насочи кон Таљафико.