Челзи денес официјално го објави трансферот на Весли Фофана за кого „сините“ платија 70 милиони фунти и додатни 5 милиони под форма на бонуси.
Французинот е шестото засилување за Челзи ова лето, а клупот претходно потроши 193,1 милион фунти.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Тоа значи дека Челзи на засилувања ова лето потроши вкупни 263 милиони и на тој начин го собори британскиот рекорд за потрошени пари во еден трансферен прозорец.
До утре вечер сумата може да се зголеми бидејќи Челзи работи на уште два трансфери – Ентони Гордон од Евертон и Обамејанг од Барселона.
Апсолутниот рекорд за потрошени пари во еден трансфер период го држи Реал Мадрид, кој летото 2019 година потроши 325,5 милиони евра.