Дома Трансфер зона Челзи го сака Кулибали, а Наполи – Давид Луиз!

Челзи го сака Кулибали, а Наполи – Давид Луиз!

Доколку она што го пишуваат медиумите во Италија се оствари Наполи би можел да добие огромно засилување.

Наполи е клуб кој ретко кога купува проверени играчи, тие работат на принципот доведување на помлади играчи кои се развиваат во Неапол и воопшто не им оди лошо. Оваа сезона во Серија А тие се единствениот конкурент на Јувентус.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Неодамна се пишуваше дека Наполи би можел да остане без дефанзивецот Калид Кулибали, за кого најголем интерес покажуваше Челзи. Во случај Кулибали да го напушти Неапол на негово место би можел да пристигне – Давид Луиз!

Бразилецот поради повреда, но и несогласувања со Антонио Конте има мала минутажа во вториот дел од сезоната, па често пати се пишуваше за негово заминување.
Луиз се врати во Челзи во 2016 година кога Конте го доведе од Пари Сен Жермен.

Искусниот дефанзивец има 31 година, а оваа сезона настапи на само 17 официјални натпревари за Челзи.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…