Дома Фудбал Останато Челзи го разби Арсенал и ја освои Лигата на Европа! (ВИДЕО)

Челзи го разби Арсенал и ја освои Лигата на Европа! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челзи вечерва го разбија Арсенал со 4:1 во Баку и ја освоија Лигата на Европа!

Беше ова интересен натпревар кој нешто повеќе им значеше на фудбалерите на Арсенал бидејќи само преку ова натпреварување можеа да се пласираат во Лигата на Европа. Сепак, на крајот изгубија и наредната сезона повторно ќе бидат дел од Лигата на Европа.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Првото полувреме не донесе премногу возбудувања. Во него доминираше Арсенал, подоцна Челзи ја превзема иницијативата, но голови немаше.
Сепак, во вториот дел тоа беше надополнето.

Оливие Жиру прво погоди за 1:0. Во наредните 15-тина минута Челзи го разби ривалот и постигна уште два гола. Арсенал се врати малку во игра со голот на Ивоби, меѓутоа само три минути подоцна Азар со неговиот втор гол натпреварот ги реши дилемите околу победникот и ги постави конечните 4:1.

За Челзи ова е втор трофеј во Лигата на Европа во последните шест години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ново разочарување на „Олд Трафорд“: Легендата направи неочекуван потег и му го сврте грбот на Манчестер Јунајтед

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во среда беа поразени во финалето на Лига Европа од Тоте…