Дома Трансфер зона Челзи го пушта Кепа на позајмица и носи голман кој испадна од Премиер лигата?

Челзи го пушта Кепа на позајмица и носи голман кој испадна од Премиер лигата?

Френк Лампард ова лето бара голман кој би го заменил Кепа Аризабалага.

Најскапиот голман во историјата стана статистички најлошиот голман во историјата на Премиер лигата бидејќи прими 54.5% од ударите кон неговиот голман. Лампард разбирливо нема трпение и во последните два натпревари минатата сезона го остави на клупата за резерви.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Се пишуваше дека Челзи ја сака резервата на Јунајтед Дин Хендерсон кој минатата сезона беше на позјамица во Шефилд, но тој би бил прескап. „Дејли Мејл“ денес пренесува дека Челзи е заинтересиран за 37 годишниот Бен Фостер кој со Вотфорд сезонава испадна од лигата.

Фостер веќе долги години брани на високо ниво и не би бил прескап, освен тоа веројатно би имал мотив да продолжи во Премиер лигата. Опција е и Вили Кабаљеро кој го менуваше Кепа, но Лампард сепак сака некое друго решение.

Вотфорд за него не би барал премногу па затоа изгледа како најдобро решение за Челзи. Од друга страна се најавува дека Кепа може да биде позајмен во Шпанија.

Аризабалага во Челзи пристигна пред две години за рекордни 80 милиони евра и требаше да биде решение за подолг период, но се покажа како грешка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…