Дома Трансфер зона Челзи го пронајде наследникот на Азар, пристигнува во јануари!?

Челзи го пронајде наследникот на Азар, пристигнува во јануари!?

Иако Еден Азар е во најдобрите играчки години, во Челзи наводно во моментов бараат негов наследник, па се поставува логично прашање: Дали Челзи има намера да го продаде уште следното лето?

Одговорот на ова прашање нема да го добиеме, бараем до следното лето, но за сега германскиот „Kicker“ соопшти дека управата на Челзи го пронајде неговиот наследник во ликот на талентираниот фудбалер на Баер Леверкузен, Леон Бејли.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Наводно и новиот тренер на Челзи, Маурицио Сари го гледа 21-годишниот фудбалер како замена за Еден Азар, а споменатиот медиум соопшти дека „Сините“ ќе се обидат да го доведат овој фудбалер уште во јануари.

За младиот Бејли се заинтересирани и Баерн, Ливерпул, Арсенал и Манчестер Сити, но германските медиуми тврдат дека овој фудбалер сака да си оди токму во Челзи.

Сепак, јасно е дека Баерн ќе биде најголемиот конкурент на Челзи во трката за младиот Бејли, а наводно била и одбиена понуда ова лето од 50 милиони евра која пристигнала од „Алијанц Арена“. Наводно понуда од 60 милиони евра би била доволна Баер Леверкузен да го продаде талентираниот играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…