Дома Фудбал Англија Челзи го наградува Палмер со нов договор

Челзи го наградува Палмер со нов договор

Младиот Кол Палмер блеска оваа сезона во дресот на Челзи и се етаблираше во еден од најдобрите играчи во Премиер лигата.

Палмер пристигна минатото лето од Манчестер Сити, но набрзо стана лидер во тимот и оваа сезона е најдобар поединец во Челзи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Поради тоа раководството на „сините“ сака да го награди со нов договор и ќе му понуди двојно повисока плата, пренесуваат медиумите на Островот. Имено, Палмер моментално заработува 75.000 фунти неделно, а со новиот договор ќе добие 150.000 фунти.

Палмер оваа сезона настапи на 37 меча, а притоа постигна 16 голови и 12 асистенции во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан се засилува од Реал Мадрид!

„Црвено-црните“ веќе се подготвуваат за наредната сезона. Според италијанските медиуми, Ал…